Хрватска со два нови случаи на корона вирус


По неколкудневна пауза без заболени од корона вирус, во Хрватска денеска беа регистрирани два нови случаи, јавуваат тамошните медиуми.
Едниот е од Град Скопје, иако официјално од таму излегоа со информација дека нема заболени во главниот град.
Сепак, како што јавува Индекс, Град Загреб ги регистрирал случаите до 12 часот, а Националното тело подоцна, кога и бил регистриран новиот случај.
Бројот на заболени во последните 24 часа во Хрватска е двајца, со што вкупниот број се качи на 2.249.  До сега се тестирани 69.349 лица, од кои 234 во последните 24 часа. На болничко лекување се седуммина, а од нив ни еден не е на респиратор.
Вкупниот број оздравени е 2.130, а починати се 106, стои во официјалното соопштение.