Пленковиќ: Платата за март ќе ја донираме за Загреб


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека претставниците на власта мартовската плата ќе ја донираат за санирање на последиците од земјотресот во Загреб. Тој изјави дека на телефонската владина седница било одлучено да се отворат две банкарски сметки – една за Загреб, а другата за борба против новиот коронавирус, повикувајќи ги сите кои сакаат […]

Нови 15 случаи на заразени во Албанија, вкупно 104


Албанија– Со ново потврдените 15 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 104, од вкупно тестираните 856 лица. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу потврди дека мапата за изложеност на коронавирус е проширена и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на надлежните. -Само во […]

Почина 15-годишното девојче повредено во земјотресот во Загреб


Петнаесет годишното девојче кое беше тешко повредено во разорниот потрес во неделата изутрина во Загреб почина вчера попладне на државната клиника, пренесе Телма. Лекарите два дена се бореа за нејзиниот живот, но на крај не успеа да ја спасат. Кога Загреб го погоди земјотресот таа се наоѓала во дневната соба во нејзиниот стан, а од […]

Србија ги предупрeдува младите


Во Клиничкиот центар на Србија има осум респираторни пациенти, најмладиот е ’85 година. Најстариот респираторен пациент е стар 80 години, според прес-конференцијата што ја одржа српската влада. -Има претежно средовечни лица на респиратори, но имаме и помлад пациент. Еден е ’77 година. Ова е предупредување за секој што слуша, да се држи до мерките. Да […]

Уште еден земјотрес во Загреб


Уште еден земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван утринава во Загреб. Епицентарот бил на 10 километри длабочина, на четири километри северно од Загреб. Во текот на ноќта во Загреб биле регистрирани неколку потреси. Првиот во 1.59, потоа во 3 часот, во 5 и 15, во 5 и 26 и во […]

Петта жртва од корона вирус во Албанија


Уште еден пациент заразен со „Ковид-19“ почина во Инфективната клиника во Тирана, со што бројот на почнати во Албанија се зголеми на пет. Министерството за здравство соопшти дека петтата жртва е 61-годишен маж од Тирана, кој неколку денови бил на интензивна терапија а пред да почине повеќе часа бил на респиратор. Пациентот боледувал и од […]

По земјотресот во Загреб се пријавени 5.500 оштетени објекти


Хрватска –  По серијата земјотреси што го погодија Загреб, досега се пријавени 5.500 оштетени објекти. – Тоа е многу работа што можеме да ја направиме само со несебична поддршка од волонтери од сите инженерски професии, соопштија од Службата за управување со итни ситуации на Хрватска. Службата изработила апликација за пријава на преглед на градбите по […]

Казна од 5.000 евра за 19 грчки граѓани кои ја прекршиле домашната изолација


Грција– Наместо во 14-дневна домашна изолација, како што е предвидено, 19 грчки граѓани кои се вратиле од странство, при спроведените контроли биле вон или околу нивните домови и им била изречена казна од 5000 евра, според заменик –министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. При репатријација задолжителен е […]

Во Албанија четврта жртва од „Ковид-19“


Албанија- Во Албанија се зголемува бројот на починати лица од „Ковид 19“. Утрово регистрирана е четвртата жртва, маж на 43-годишна возраст,кој бил хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана. „По влошување на сосотојбата во текот на ноќта, 43-годишниот пациент од Каваја беше ставен на респираторна машина. И покрај напорите на лекарите,тој почина утрово. Пациентот не боледувал од […]

Во Албанија трета жртва од Ковид-19


Албанија– Албанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека поради компликации предизвикани од вирусот Ковид-19 починал 71-годишен маж од градот Кучово, што е трет смртен случај од вирусот. Пациентот починал во болница во Тирана, каде што бил сместен пред една недела, и имал напреден карцином на белите дробови покрај коронавирусот. Во Албанија 89 луѓе се заразени со […]

Стапи во сила целосната забрана на движењето во Грција


Грција– Од шест часот утрово, стапи во сила целосна забрана на движење во Грција, а до 6 април 2020, секој граѓанин за да излезе надвор ќе треба да има посебна потврда, соодветно пополнета и потпишана и само поради конкретни причини, јави дописничката на МИА од Атина. Пораката до граѓаните е да останат дома, бидејќи е […]

Фото: Пожар на Хвар, огнот се шири брзо поради силна бура


На јужната страна на островот Хвар во Хрватска, меѓу местата Завала и Иван Долац, во неделата вечерта изби пожар, јавија хрватските медиуми. Поради силната бура што дува во тоа подрачје, пожарот се шири брзо, а локалните пожарникари се обидуваат да го локализираат и да го стават под контрола. https://www.facebook.com/jelsaonline/photos/pcb.3574301795929727/3574301555929751/?type=3&__tn__=HH-R&eid=ARDUQBjw-R0USy_g-Sm23oN1oQc1S8Ublu9MnSsg-9pdyQeOjztU-nx2QfZZ3aOUk2iuuEfT2Tol4BhL&__xts__%5B0%5D=68.ARDJ8-I4CZWTzU4lLmlJRuk6GqoIrtHt5sCVE_iHiy48-KIn9qdoGb0-jL3QSi4P1twoU60WU7K86ZRUsaAJcG_DxG9Yk2qU5hilAC9KlO2bHigxT2V_HPu7eHn4sFwhExiVQjk5v5mvMDFN7m1Vatyza28SN55m-qhp2qEB4OGqDHozvL-C4IY3ZtY7RLzAYR4uGGuNIuS_7rKrKXEtWzH6tnQc_HFMqGiFWtAgeT–wCfiLCMdXHOjglIrxhFHdkFj-KsNMTY-RAgoWa5mXxjgv4d_JkjQ4K-pVHFZxTKFW8J5pn2Mgun2CwmlfxzaleIBiDNO6emWlZYJmLdSTWsSYw

Во Србија од коронавирус денеска заболени уште 34 лица, вкупно 222


Во Србија денеска уште 34 лица се заразиле со корона вирус, се најнови податоци од Министерството за здравство. Со тоа, како што јави дописникот на МИА од Белград, вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 во Србија изнесува 222 лица. Од последниот извештај до 18 часот на 22 март 2020 година, тестирани се примероци од 61 […]

Нов земјотрес во Загреб, забрането да се напушти градот поради корона вирусот


Нов земјотрес со јачина од 2,8 степени го погоди денеска Загреб во 16.16 часот. Според првичните податоци во утринските потреси повредени се 17 лица, додека 15-годишното девојче се уште е во критична состојба, а лекарите се борат за нејзиниот живот. Епицентарот на земјотресот е кај Сопот на длабочина од само 2 километри. Хрватските медиуми наведуваат […]

Целосна забрана на движење во Грција


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис попладнево соопшти целосна забрана на движењето во Грција, што стапува во сила утре во шест часот наутро, а дозволено ќе биде само посета на супермаркети аптеки, посета на лекари или лица на кои им треба грижа, индивидуално спортување, прошетка на домашните миленичиња и оние кои работат да стигнат до нивните работни […]

(Фото) Сред епидемијата од корона вирус, нов шок: Ова се сцените по серијата силни земјотреси во Загреб


Во ек на епидемијата од корона вирусот, Загреб утрово доживеа уште еден шок – беше погоден од силен земјотрес од 5,3 степени по Рихтер. Граѓаните кои веќе екстремно загрижени поради пандемијата со Ковид 19, дополнително се вознемирија од земјотресот регистриран во близина на хрватскиот главен град. Ова се фотографии и видеа што ги објавија медиумите. […]

Серија земјотреси во Хрватска предизвикаа паника и материјална штета


Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6,23 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот е лоциран на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри. Вторичниот земјотрес се случи во 7,01 часот и неговата јачина, според првичните […]

Милановиќ: Нема потреба од воведување вонредна состојба во Хрватска


Хрватска– Хрватскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Зоран Милановиќ денеска го посети сместувачкиот камп пред болницата Дубрава во Загреб, посочувајќи дека нема потреба од воведување целосен карантин или вонредна состојба . – Ако навистина има потреба од подрастични, екстремни мерки како што е карантинот, тогаш тоа вклучува прекинување на работата на Парламентот, а […]

Во Албанија 76 заразени од коронавирус


Во Албанија дијагностицирани се шест нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупната бројка се зголеми на 76 лица. Новите случаи се од двата најпогодени градови, Тирана и Фиер,кои биле во контакт со претходно потврдени позитивни пациенти. „Во последните 24 часа направени се 46 тестирања, при што кај шест од нив покажан е позитивен […]

Прв смртен случај во Србија од корона вирус


Во Србија вчера беше регистриран првиот смртен случај поврзан со заболување од корона вирус, потврдија тамошните власти. Денеска до 8 часот, регистрирани се уште 14 нови случаи заболени од Ковид 19, со што вкупниот број заболени се искачи на 149, пренесе Б92. Од потврдените 14 случаи, девет се во болница, но без компликации и добра […]