Во Србија 57 новозаболени, едно лице почина


Во соседна Србија во текот на последните 24 часа регистрирани се 57 нови случаи од корона вирус.
Тестирани се 5.085 луѓе, во последните 24 часа, додека во Србија вкупно се тестирани 308.013 луѓе.
Активни случаи има 551, а 15 лица се на респиратор.