Два нови случаи од корона вирус во Хрватска


Националниот штаб за цивилна заштита објави дека во Хрватска се регистрирани само двајца заболени од корона вирус во последните 24 часа. Со ова, вкупната бројка на заболени од новиот вирус изнесува 2.254.
Двајцата новозаразени се од главниот град, Загреб. Досега се тестирани 70.254 лица, од нив, 144 во последните 24 часа. На болничко лекување се седум лица, додека на респиратор нема пациенти. Вкупниот број на оздравени е 2 140 лица, а на починати од вирусот 107 лица.

Националниот штаб донесе неколку измени на одлуките за справување со корона вирусот. Земјата го продолжи постојниот режим за преминување на граничните премини до 30 јуни, а овозможено е и воспоставување на железничкиот и патниот меѓународен сообраќај согласно препораките од Хрватскиот институт за јавно здравје. Дополнително, укината е и забраната за трговија за време на празниците и неработните денови што значи дека е воспоставено работното време како и пред прогласувањето на епидемијата.