Бугарско-грчката граница е отворена само за државјани на ЕУ


Од Бугарија во Грција мат да влезат само државјани на ЕУ, а границата меѓу двете земји се отвори точно во 11 часот, соопшти денеска Бугарската гранична полиција.

Отворањето на границата дојде еден час откако официјално беше соопштено дека ќе биде отворена, а државјаните на ЕУ кои сакаат да влезат во Бугарија, прво мора да пополнат прашалник во кој се наведуваат целосното име и местото каде патуваат, пренесува БТА.

Се додава дека патниците по случаен избор ќе бидат тестирани за коронавирусот, а доколку се утврди дека некој патник е заразен, ќе биде испратен во 14-дневен карантин.

Се наведува дека на бугарско-грчката граница од раните утрински часови е формирана долга колона автомобили која околу пладне веќе била долга неколку километри, и дека патниците биле државјани на Бугарија, Романија, Германија и други европски земји.