Кон: Може да вратиме некои мерки, загрижува ситуацијата


Во Србија се зголемува бројот на новозаболени од корона вирус, па главниот епидемиолог Предраг Кон рече дека епидемијата не завршила, па може да се вратат некои мерки, како забрана за јавно собирање.
Тој за „Блиц“ додава и дека ако дојде до втор бран, нема да има потреба од воведување вонредна состојба.
Вчера, беа забележани 69 нови случаи, а денеска 66, што зборува за зголемен број новозаболени, со оглед на тоа дека пред десетина дена бројките беа помали.
Добрата вест е што минатите денови немаше починати, или има по еден дневно, додека на респиратор се 15 пациенти.
Коментирајќи го порастот на новозаболени, Кон вели дека тоа е ситуација кој по малку загрижува.
„Имаме ситуација во Нови Пазар и во Тутин која е резултат на опуштањето за време на прославата за Бајрам, но и во Белград имаме групи заразени кои се поврзани. Тоа се жаришта кои ги држиме под контрола. Освен тоа имаме 15 поединечни случаи во Белград кои ги следиме и  се работи на откривање како се заразиле“, додава Кон.
Како што вели, Србија е во фаза на смирување, но дека во следниот период може да се очекуваат осцилации.
Додава дека мора да поминат 28 дена без ни еден заболен за да се прогласи крај на епидемијата.