Заразени 73, а нема починати денеска во Србија


Во последните 24 часа регистрирани се нови 73 случаи на зараза со Ковид-19, а нема починати во соседна Србија.
Ова е повторно благо зголемување на бројот на заразени за разлика од вчера кога имаше 71 нов случај.
Вкупниот број регистрирани случаи е 12.175, а до сега починаа 252, објавени е на порталот covid19.rs.
Досега тестирани се 297.789 лица, од кои во последните 24 часа 5.793.
Активни случаи според податоците на порталот има 512, додека 14 пациенти се на респиратор.