Голем пожар на Света гора, се гаси од копно и од море



Голем пожар изби на Света гора во Грција. на `ртот Арапис, спроти Неа Рода. Пожарникарите се обидуваат да го изгасат од копно и од море.
На местото на пожарот има 59 пожарникари со 20 водени носачи, како и три групи пешачки единици.
Пожарот за сега не ги загрозува конаците и манастирите.
Грчките медиуми објавија и фотографии од местото на кое изби пожарот.