Во Хрватска нема новозаразени, но починаа две пациентки


 

Во текот на претпладнето, денеска починале две женски лица на возраст од 79 години, како последица на Ковид-19, јавуваат хрватските медиуми.

Едната била сместена во Дом за стари лица во Сплит, а другата во Дом за стари во макарска.

Двете биле во болницата во Сплит на респиратор, но иако последните два теста им биле негативни, тие сепак, денеска починале.

Според официјално објавените податоци, денеска во Хрватска нема нови заболени, а вкупниот број е 2.247.

До сега тестирани се 69.115 лица, од кои 249 во последните 24 часа. На болничко лекување се уште шест лица, а на респиратор нема пациенти.

Вкупно оздравени се 2.130, што значи последниот ден оздравеле уште двајца. Вкупниот број на починати е 106.