Во Србија нови 96 случаи од Ковид-19, едно лице почина


Според последните информации, во Србија, во последните 24 часа, потврдени се нови 96 случаи од корона вирус, двојно повеќе од вчера кога имаше 48 случаи, а едно лице почина.

Со тоа вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 11.667, а починаа 247.

Во последните 24часа тестирани се 4.795 лица, а вкупно 266.061.

Во моментот во болница се 390 пациенти, а 12 се на респиратор. Излечени се 6.391 лица.

Процентот на смртност во Србија е 2,12 отсто.