Ни денеска нема новозаразени и починати во Хрватска


Во Хрватска во последните 24 часа не е забележан ни еден новозаболен од корона вирус, а од вкупно потврдени 2.246 случаи, оздравеа 2.088 пациенти.
Починаа 103 лица, уште 55 се на лекување, а четворица се на респиратор.
Во Хрватска од почетокот на епидемијата тестирани се 67.297 лица, а во последните 24 часа 602.