(Видео) Вучиќ се накашла – сите се исплашија


Српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната прес-конференција почна да кашла откако се напи вода, додека новинарите му поставуваа прашања. Тој кашлаше повеќе од десет секунди, го извади и своето марамче, а во салата настана молк. Вучиќ се засркна од водата, а потоа се пошегува. „Само малку се засркнав, не грижете се, не е корона. Знам […]

Прв смртен случај од Ковид-19 во Грција


Во Грција рано утрово беше регистрирани првиот смртен случај од коронавирусот, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови беше критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина. Лицето беше дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет. Министерството за здравство на Грција соопшти дека 66-годишниот Грк, […]

Добри вести од Хрватска: Излечени првите тројца пациенти од корона вирус, во БиХ нови случаи


Првите три пациенти кои во Хрватска заболеа од корона вирус покажаа негативни тестови на вирус, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош. Тие се уште се во карантин, а ако вториот тест биде негативен, ќе бидат пуштени дома во рок од 48 часа, пренесе „Јутарњи“. Министерот Берош утрово објави дека во Хрватска за сега нема […]

Србија: Уште еден заразен со Ковид-19, вкупно досега – 19


Во Србија е потврден уште еден случај на инфекција со новиот коронавирус, со што вкупниот број заразени е 19, соопшти утринава Министерството за здравство. До денеска, во 8 часот, вкупно 160 лица се тестирани. Од последниот извештај, во 20 часот синоќа до 8 часот утрово, биле тестирани примероци од девет лица, од кои едниот бил […]

Хрватска: Потврдени три нови случаи на коронавирус


Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљавиќ“ во Загреб се потврдени уште три нови заразени лица со коронавирус. Се работи за лица кои пристигнале од Австрија и Германија. До сега во Хрватска се потврдени 19 заболени лица.

Прва жртва на коронавирусот во Бугарија


Попладнево во Софија почина жената која вчера беше хоспитализирана во исклучително тешка состојба, а кај која беше утврден позитивен тест на Ковид-19. Пациентката имала хронични кардиоваскуларни проблеми и претходна операција на срцето. Жената дошла во болницата „Пирогов“ со тешка пневмонија. И покрај извршените интензивни реанимациски мерки лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот. Екипа […]

Вучиќ ги откажа сите изборни митинзи, но училишта не затвора


Вучиќ со барање за откажување на сите предизборни собири на СНС, опозицискиот СзС со исто барање за сите јавни собири Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги откаже сите изборни митинзи на неговата Српската напредна странка (СНС) до 1 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и заради превентивни мерки. Денеска и опозицискиот Сојуз […]

Ердоган: Ниту еден вирус не е посилен од мерките што ги презеде Турција


Анкара – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ги презела сите мерки против новиот коронавирус. – Посакуваме Турција да ги надмине овие тешкотии без жртви. Ниту еден вирус не е посилен од преземените мерки, наведе Ердоган.Тој додаде дека во Турција се преземени сите превентивни мерки за справување со Ковид-19. Претходно, турскиот министер за […]

Ердоган одлучи: Турција нема да ги затвори границите за мигрантите


Турција ќе ги остави отворени границите за мигрантите кои патуваат кон Европа додека ЕУ не ги исполни очекувањата на Анкара во врска со Спогодбата за мигранти од 2016 година. Ова го потврди денеска турскиот претстедател Реџеп Таип Ердоган ображајжи им се своите пратеници од Партијата на правдата во парламентот. Тој најави дека Турција ќе ги […]

Тачи го покани Курти на средба, му понуди да бира термин


Косовскиот претседател Хашим Тачи го покани премиерот Албин Курти на средба, во еден од термините кои ќе му одговараат во текот на денешниот ден, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што објавија претпладнево косовските медиуми, Тачи му понуди на Курти да се сретнат во 10, 11, или 12 часот. Претседателот завчера ги покани на […]

Поради корона вирусот Словенија го забрани слетувањето на авиони од ризичните подрачја


Поради корона вирусот Словенија ги забранива слетувањата на авиони кои доаѓаат од ризичните подрачја, јави дописникот на МИА од Љубљана. Ова го соопшти министерката за инфраструктура Алека Братушек, која појасни дека ова е само една од мерките за да се спречи ширањето на вирусот. Оваа забрана ќе важи само за патничките авиони, додека оние кои […]

Мигрантите доаѓале од Турција организирано  и со автобуси


Во однос на актуелниот проблем со мигрантите на грчко-турската граница, Темистоклис Демирис, генерален секретар при грчкото МНР, од конференцијата во рамките на Берлинскиот процес во Скопје порача дека ова не е прва миграциска криза со која се соочуваме, но има нешто по што се разликува од досегашните искуства. – Главна разлика е дека сега имаме […]

Затворени над 80 училишта во цела Грција


Грција– Превентивно и за да се спречи ширење на коронавирусот над 80 училишта во цела Грција, со одлука на Министерството за образование, од денеска се затворени. Листата со средни и основни училишта кои ставија клуч на врата постојано се менува, со оглед на тоа дека една образовна институција се затвора доколку се потврди дека постои […]

Во Србија четири случаи на Ковид-19


Србија– Во Србија се потврдени уште два случаи на инфекција со новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени сега изнесува четири, соопшти утрово српското Министерство за здравство. Во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак до денеска се тестирани вкупно 108 лица. Од синоќа во 18 часот до утрово во 8 часот биле тестирани примероци […]

Бројот на заразени од коронавирусoт во Грција се искачи на 89


Грција – Министерството за здравство на Грција утрово соопшти дека се потврдени пет нови случаи на коронавирусот, четворица се блиски контакти на веќе потврдени случаи, еден е кај лице кое патувало во Лондон, а бројката на заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 89 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Претставникот на Министерството за […]

Потврдени нови 11 случаи на коронавирус во Грција, вкупно 84


Во Грција се потврдени нови 11 случаи на новиот коронавирус, со што бројот на заразени со Ковид-19 во земјата достигна 84 лица, од кои тројца се странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Од потврдените случаи, 27 се хоспитализирани, од кои еден во сериозна состојба, а останатите 57 се во домашна изолација, како што […]

Средства за дезинфекција со поминат рок им прати Хрватска на граничарите


Во обид да ги заштити од вируси оние кои се напрвата линија на удар и во контакт со голем број луѓе, надлежните во хрватска им поделија на граничарите заштитна опрема, но како што некои споделија на Твитер, средствата за дезинфекција се со поминат рок и тоа пет години. Како што пренесе „Слободна Далмација“, првиот производ […]

Наместо во изолација, Грци со коронавирус излегуваат и се шетаат


Атина – Би требало да се во домашна изолација, а за жал излегуваат, вели Панајотис Андонакопулос, градоначалникот на Пиргос, градот што е дел од регионот за кој во сила се вонредните превентивни мерки на грчката влада, за да се спречи ширење на новиот коронавирус. Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, градоначалникот обвинува дека лица кои што […]

Превентивно затворени 34 училишта во Грција поради новиот коронавирус


Грција– За да се спречи дополнително ширење на новиот коронавирус во Грција, од денеска до 22 март превентивно се затворени 34 училишта од кои речиси сите се во областа Атика, поширокиот регион на грчкиот главен град, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно денеска напладне се очекува министерствата за финансии, развој и труд, заедно, да […]

Во Бугарија четири лица заразени со Ковид-19 (ДПЛ)


Бугарија– Во Бугарија се регистрирани уште два случаи на новиот коронавирус, со што бројот на инфицирани се искачи на четири. Новите два случаи се исто така во Габрово и во Плевен. Првите регистрирани пациенти беа 27-годишен маж од Плевен и 75-годишна жена од Габрово. Тие не патувале во странство, хоспитализирани се во своите градови и […]