Прв случај на новиот коронавирус во Србија


Србија– Еден 43-годишен маж од Суботица е првиот пациент во Србија кај кого е докажано присуство на новиот коронавирус, јавуваат српските медиуми. Тој во моментов е во изолација, а „Блиц“ јави дека има температура од 37,4 и се чувствува добро. Весникот наведува дека човекот неодамна дошол од Унгарија. Тој пријавил симптоми слични на Ковид-19 по […]

Грците повеќе загрижени за мигрантското прашање, отколку за коронавирусот


Грција– Загриженост за ставот на Турција во грчко-турските односи изразуваат 84 отсто од Грците, за мигрантското/бегалското прашање 83 отсто, додека, пак, за коронавирусот загриженоста е двојно помала, односно 42 процента, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Сепак истражувањето било спроведено […]

Медицински сестри во Софија прогласија граѓанска непослушност


Бугарија– Пет медицински сестри цела ноќ останаа во зградата на Народното собрание на Бугарија откако синоќа се забарикадираа со салата каде заседава собраниската Комисија за здравство и прогласија граѓанска непослушност. Како што јави Бгнес, во моментов тие се излезени на прозорец на зградата и одбиваат да влезат внатре затоа што им била исклучена струјата. Бугарското […]

Поради коронавирусот авион се вратил без патници


Авион на авиокомпанијата Туркиш ерлајнс денес се врати во Истанбул без патници, по наредба на властите во Сингапур, откако патник кој пристигна со истиот авион во вторникот беше позитивен за коронавирус. Инфицираниот патник не е турски државјанин и од друга локација патувал од Истанбул до Сингапур, изјави турски претставник на авијацијата, додавајќи дека на летот […]

Коронавирусот во Словенија стигнал од Мароко


Словенечките здравствени власти објавија дека повеќе лица се во карантин, откако синоќа кај 60-годишен маж, кој се вратил од патување во Мароко е потврдено дека е заразен со новиот коронавирус. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, тој веќе изолиран во карантин во една од специјално за тоа направени простории на инфективната клиника при […]

На 48 часа затворени училишта, театри, кина, музеи во три грчки региони поради коронавирусот


Грција– Со сериозна пневмонија, но во стабилна состојба се лекува во грчкиот град Патра, лицето заразено со новиот коронавирус, последниот потврден случај во Грција, а паралелно Министерството за здравство донесе вонредни превентивни мерки во три региони, за да се избегне локално пренесување на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Професорот Сотирис Циодрас кој е […]

Потврден деветти случај на коронавирус во Грција


Грчки државјанин, кој патувал во Израел и Египет, е деветтиот потврден случај на новиот коронавирус во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Професорот Сотирис Циодрас, кој е претставник за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, соопшти дека лицето е хоспитализирано во изолација, во болницата во грчкиот град Патра, а во тек е детално […]

Вучиќ ги распиша парламентарните избори во Србија за 26 април


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги распиша парламентарните избори во Република Србија за 26 април 2020 година. „Ќе има доволно време секој да ги претстави своите програми. На сите им посакувам успех“, кажа Вучиќ за време на своето обраќање во зградата на Претседателството. Тој изјави дека „секако дека ќе има повисоки тонови и страсти, секогаш […]

Потврден осмиот случај на коронавирус во Грција


Грција- Маж од Солун, кој имал близок контакт со веќе заразена жена со новиот коронавирус, е осмиот потврден случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти претставникот на грчкото Министерство за здравство, професорот Сотирис Циодрас, задолжен за следење на состојбата со коронавирусот, мажот е во изолација, во болница во […]

Јанез Јанша и официјално е мандатар за состав на новата словенечка Влада


Со 52 гласови „За” словенечкото Собрание го изгласа Јанез Јанша за нов мандатар за состав на Влада. Гласањето беше тајно, а беше по предлог на претседателот на државата Борут Пахот, откако по состаноците со парламентарните партии беше јасно дека е формирана нова мнозинска коалиција меѓу СДС (Словенечка демократска партија), СМЦ (Партија на Модерен Центар), ДеСУС […]

Од земјите во ЕУ во Хрватска има најмногу дебели мажи


Хрватска има најголема стапка на дебелина меѓу возрасните мажи во земјите од Европската унија. Според Европската здравствена анкета, во Хрватска секоја втора личност има прекумерна телесна маса, односно е дебела, соопшти денеска Хрватскиот завод за јавно здравје. Во проектот на Заводот „Да се живее здраво“ се посочува дека причините за дебелина се многу покомплексни од […]

Во Албанија се испитуваат три сомнителни случаи на новиот коронавирус


Надлежните здравствени служби во приморскиот град Валона соопштија дека се испитуваат три сомнителни случаи на Ковид-19. Станува збор за лица кои пристигнале од Италија. – Беа шест патници за кои постоеше сомнеж дека се заразени со коронавирусот. Трите лица по направените прегледи резултираше дека не се носители на овој вирус, додека за другите три лица […]

Балканска рута – Од каде доаѓаат мигрантите и каде планираат да одат


Европа ја очекува нов мигрантски бран. Десетици илјади мигранти се на пат од Турција кон Европската Унија, а илјадници во моментот се обидуваат да влезат во Грција. Додека грците порачуваат дека на сите можни начини ќе се изборат со новиот прилив бегалци, земјите на Балканскиот полуостров дополнително ги зајакнуваат границите и велат дека се подготвени […]

Хаос на грчко-турската граница, лажна е веста дека е убиен Сириец


  По одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека ќе ги отвори „вратите“ за илјадници мигранти кои Турција ги задржуваше на патот кон Европа, хаос е на грчко-турската граница секојдневно. Грчките медиуми се преполни со вести и снимки на кои се гледа масовно „провалување“ на мигранти на територијата на Грција, а со самото тоа […]

Мицотакис и Мишел утре ќе ја посетат границата на Грција со Турција


Грција-Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европскиот совет Шар Мишел, утре ќе ја посетат грчко –турската граница кај Еврос, како што самиот Мицотакис објави на официјалниот „Твитер“ профил, јави дописничката на МИА од Атина. -Границите на Грција се надворешни граници на Европа. Ќе ги заштитиме. Ќе го посетам Еврос, копнената граница со Турција со […]

Портпарол на СЗО: Вакцина против Ковид-19 за три до четири месеци


Србија– „Клиничките испитувања за вакцината против новиот коронавирус се очекуваат за три до четири месеци“, рече портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ. „Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати“, изјави Јашаревиќ за „Вечерње новости“. „Новиот вирус е […]

Седми случај на коронавирус во Хрватска


Хрватска- Во Хрватска денеска е потврден уште еден случај на коронавирус, со што вкупниот број на заразени лица се зголеми на седум. Новиот случај е откриен во Загреб, кај пациент кој бил во близок контакт со лице од Риека. Загрепски Индекс.хр наведува од седумте заразени лица четири се од Риека, а три од Загреб.

Сириските мигранти во Турција се упатија кон Европа


По ескалацијата на насилството во сириската провинција Идлиб неименуван турски претставник изјави дека Турција нема повеќе да ги задржува бегалците од Сирија кои сакаат да побараат азил во земјите-членки на Европска Унија. „Нема повеќе да ја држиме вратата затворена за бегалците кои сакаат да влезат во Европа“, изјави неименуваниот турски претставник. Тој додаде дека турската […]

Во Хрватска потврден и втор случај заболен од коронавирус


Хрватските доктори го потврдија вториот случај на лице заразено со новиот коронавирус. Се работи за братот на првиот пациент, на кој вчера му беше дијагностициран коронавирус откако се врати од Милано. Неговиот помал брат, кој сега е практично второто заразено лице, било во Милано за да гледа фудбалски натпревар од Лигата на шампионите. Девојката на […]

Во Хрватска и Австрија потврдени први случаи на корона вирус


Хрватска и Австрија се нови две европски земји во кои е регистриран корона вирусот. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја потврди информацијата, додавајќи дека станува збор за помлад човек кој бил во Милано и бил хоспитализиран во Загреб со поблаги симптоми. „Ги добивме резултатите од тестот на хрватскиот државјанин кој беше во Милано од 19-21 февруари. […]