Во Србија почина едно лице од Ковид-19, 34 нови случаи


Во Србија во последното деноноќие има заразени уште 34 лица, а починал еден пациент.

Вкупниот број заразени кај нашиот северен сосед изнесува 11.193.

Во последните 24 часа биле тестирани 2.488 лица, а вкупниот борј тестирани изнесува 220.344.

Во болница се 657 пациенти, а на респиратор 12. До сега од корона вирус во Србија се излечени 5.920 пациенти, а починаа 239.