Во Србија еден починат и 48 новозаболени од корона вирус


Во последните 24 часа во Србија од последиците од корна вирусот почина едно лице, а забележани се нови 48 позитивни случаи од 5.714 тестирани.

Со тоа, бројот на жртви од Ковид-19 од почетокот на пандемијата се искачи на 240.

На респиратор се уште десетмина, во болница се 622 пациенти, а оздравеа 6.277.