Големо невреме во Грција, загина жена погодена од гром


 

Силно невреме зафати неколку региони во Грција, со грмотевици, молњи и силни врнежи. Невремето однесе и најмалку еден живот.

Обилните дождови, проследени со град и силен ветар, погоди поголем дел од Грција денеска, а според метеоролозите ќе трае до петок.

На островот Скопелос една жена настрадала од удар на гром, пренсе „Грик репортер“, Невремето ја погоди Атина каде имало силни грмотевици.

Драматично е и на Халкидики, каде најмногу паѓал град. На регионалниот пат Полигирос-Солун патничките возила и камионите веќе неколку часа стојат заради големите количини мраз на коловозот, пренесе Блиц.

Во некои делови пејзажот изгледа како да е посипан со снег, затоа што град ги покри полињата и патиштата. Екстремните временски услово ги погодија и Каламари и Олимпја