Мета: Од денес ќе имате многу официјален претседател


По неодамнешните дебати и обвинувања на американската амбасадорка во Тирана, за наводен таен договор за пропаѓање на реформата во правосудството, претседателот Илир Мета предупреди дека ќе има поинаков пристап кон средбите со лидерите на политичките партии и меѓународните претставници.

Според него, од денес службената должност ќе ја извршува само со институционални состаноци со кој било политички лидер или меѓународен претставник.

„Ќе видите друг претседател. Ќе имате многу официјален претседател. Отворен сум во секое време за официјални институционални односи, добро документирани и со сведоци. Со Рама, со Баша, со Сореца и со Ким, со овие четворица институционални односи и состаноци, со сведоци и добро документирани , рече Мета гостувајќи во телевизиска емисија.

Тој меѓу другото се задржа и на едно од најактуелните прашања во земјата, уривањето на Националниот театар, зад што, како што рече „има многу затскриени интереси“.

Додаде дека сето тоа било „од интерес за просрпското и проруското лоби во Вашингтон“, за да предизвикаат дестабилизација во Албанија, а за што нагласи има докази и документи што ќе ги објави во догледно време

-Беше урнат за да се испровоцира опозицијата, да ја дестабилизира ситуацијата, затоа што така е во интерес на некого, просрпското лоби во Вашингтон, кое е заинтересирано да има крвопролевање.

Српското и проруското лоби во Вашингтон се заинтересирани за граѓански судири и дестабилизација во Албанија. Имам многу докази и документи што ќе ги објавам во догледно време. Ќе зборувам во иднина и во вистинско време – рече Мета