Нов спор за јазиците: Академијата од Софија тврди дека и српскиот јазик потекнал од бугарскиот


Бугарската академија на науките објави книга во кој наведува дека има бугарски корени на јазиците на територија од Дунав до Гевгелија, од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид. Здружението „Спона“ од Македонија ја известило Српската академија на науките и уметностите да реагира на ова тврдење на БАН.
За ТВ Прва, д-р Виктор Савиќ од Институтот за српски јазик при САНУ и катедрата за српски јазик на Филолошкиот факултет во Белград рече дека српскиот јазик како и сите словенски јазици, потекнува од прасловенскиот јазик и дека во тоа време кога се формирал српскиот јазик Бугарите воопшто не биле Словени.
Тој наведува дека Бугарите дошле подоцна на Балканот, но дека тогаш припаѓале на турската група народи, како и некои други номади во овие краишта.
Словените, кои во тоа време се нашле на територијата на Бугарија, биле асимилирани и почнале да се идентификуваат како Бугари, додека српскиот идентитет се формирал единствено како српски, додава Савиќ.
Тој вели дека еден дел од српските говори припаѓаат на призренско-тимочките говори, кои се формирале на територијата на денешна Метохија, па со миграциите се развлекле до Софија и додава дека Бугарите го сметаат овој говор за свој затоа што има e поедноставна граматика  и личи на нивниот јазик.
Тој смета дека ниту еден јазик нема датум на раѓање, а ако има тогаш е вештачки створен со идентитетски инженеринг.
БАН претходно објави дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, што предизвика и политички реперкусии и реакции од двете страни. Со ваквата формулација, Бугарија се заканува дека ќе го попречи почетокот на преговори на Македонија со ЕУ, се додека прашањето на јазикот останува отворено.