Тројца мртви во Сурдулица: Прегазил маж, ја пробол сопругата со нож, па си го пресекол вратот


На влезот во Новa населба во Сурдулица денеска околу 1.45 часот беа пронајдени три безживотни тела до возилото „Опел Зафира“, соопштија од српското МВР.

Сомневањата се Д.А. (52) додека управувал со возило на самото место усмртил 52-годишен маж (С.С), а потоа излегол од возилото и со нож ја убил својата четириесет и шестгодишна сопруга (Е.С).

После тоа, Д.А. извршил самоубиство, пресекувајќи си го вратот со нож.

Се сомнева дека мотивот за злосторството се нерешени емотивни врски.