Бугарскиот премиер на распит во врска со истрагата за Божков


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, министерот за финансии Владислав Горанов и пратеничката Менда Стојанова денеска беа на распит како дел од истрагата против сопственикот на казино Васил Божков, кој е во бегство и кој се товари за финансиски малверзации, соопшти Обвинителството. Божков, кој се смета за еден од побогатите Бугари, ја загуби својата коцкарска империја на […]

Во Хрватска денеска има 19 нозозаразени од корона


Бројот на нови случаи во Хрватска за последните 24 часа е 19, со што вкупно има 2.336 пациенти со корона вирус, соопшти Националниот штаб. Најмногу од новозаразените се во Загреб – 9. Досега се тестирани 72 746 лица, од кои 268 во последните 24 часа. На болничко лекување се девет 9 лица. Нема пациенти на […]

Во Косово ќе се тестираат само лицата со симптоми на Ковид-19, не и случаите на контакт


Министерството за здравство на Косово одллучи на неопределено време да го прекине тестирањето за Ковид-19 на случаите на лица кои имале контакт со носители на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката испратена до неколку општини, по препорака на Институтот за јавно здравство на Косово, одсега ќе се врши тестирање само на […]

Во Бугарија повторно е задолжително носењето маски, брз пораст на случаите


СОФИЈА – Бугарија во понеделникот им нареди на жителите повторно да носат заштитни маски за лице на сите затворени јавни места, откако земјата го забележа својот највисок неделен пораст во случаите со корона вирус. Наредбата, издадена од министерот за здравство Кирил Ананиев, дојде 10 дена по неговиот потег да носењето маски во затворени простории да […]

Се зголемува бројот на пациенти од Ковид-19 кои се во болница во Албанија


Во последното деноноќие во Албанија регитрирани се помал број новозаразени со Ковид-19, споредено со вчера, но забележан е зголемен број на лица кои се во болница, споредено со деновите од изминатата недела. Според Еугена Томини,од Институтот за јавно здравје, од направените 239 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 33 лица, од кои […]

Црна Гора: Вирусот не ослабна, можни повторни жаришта


Типот на вирусот што се појави по укинувањето на мерките и прогласувањето на Црна Гора за „земја без корона“ не е послаб од оној што преовладуваше во првиот дел од епидемијата, соопштија за весникот „Побједа“ епидемиолози од Институтот за јавно здравје на Црна Гора. Тие истакнаа дека во моментов нема валидни научни податоци што би […]

Непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 во бродови и барови во Грција


Во бродот од островот Егина, кон Атина, доцна синоќа, не се почитувале мерките за растојание меѓу патниците при влезот, ниту пак носеле маска, според фотографиите што ги објави онлајн изданието на весникот „Прото тема“, додека пак забавите продолжуваат да се одржуваат во барови и кафулиња на Миконос, но и во други грчки градови, јави дописничката […]

Пленковиќ и Грабар Китаровиќ биле на турнирот Адрија тур


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус. Во Задар, Пленковиќ поздрави неколку тенисери, меѓу кои и Чилиќ и Ѓоковиќ, кои биле во директен контакт со заразениот […]

Вархеи: ЕУ одлучна да и помогне на Србија на нејзиниот европски пат


Белгија – Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи изјави дека Европска Унија е подготвена да и помогне на Србија брзо да напредува на патот кон ЕУ и да го поддржи нејзиното економско опоравување по кризата со Ковид-19. – Важен ден за Србија со парламентарните и локалните избори. Со нетрпение ја чекаме новата влада да работиме на реформите […]

Огромна победа на партијата на Вучиќ на изборите во Србија


Според првичните податоци направени од Цесид и Ипсос на примероци од 45 отсто од гласачите, Српската народна партија (СНП) на Александар Вучиќ ќе освои 62,4 отсто од гласовите. По неа е Социјалстичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ со 10,6 проценти и СПАС со 4,1 отсто. Според овие резултати само овие три партии ќе влезат во […]

Ѓилас: Лажните избори не успеаја


– Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, која ги бојкотираше изборите, изјави вечерва дека „овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеаја“ затоа што на нив се излезени помалку од 50 отсто од гласачите. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓилас на прес конференција кажа дека според нивните податоци […]

Избори во Србија: Излезноста до 19 часот 45,5 отсто


Според набљудувачката мисија „Црта“ на парламентарните избори во Србија излезноста до 19 часот била 45,5 отсто, што е за 7,6 проценти помалку во однос на 2016 година. Гласањето завршува во 20 часот. Покрај парламентарните денес во Србија се одржуваат и покраински и општински избори. Право на глас имаат 6,5 милиони граѓани. Партијата на претседателот Александар […]

Вo Грција регистрирани 10 нови случаи на Ковид- 19


Грција– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 10 нови случаи на Ковид-19 со што бројката на заразени се зголеми на 3.266 лица, јави дописничката на МИА од Атина. На Кипар, откако пет дена по ред немаше ниту еден нов случај, денеска е регистриран еден. Бројот на позитивни на Ковид-19, од почетокот на епидемијата […]

Црногорското приморје е „место на духови“ – нема туристи


  Прогнозите за туризам во Будва и во Бар, двете најознати летувалишта во Црна Гора, се многу песимистични. Летото почна, а во метрополата на црногорскиот русизам, Будва, има само 1.500 гости. Во земјата има нешто повеќе од 5.500 туристи, што е за 92 отсто помалку од лани во истиот период. Угостителите велат дека данокот останал […]

Во Србија 91 новозаразени со коронавирусот


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 91 луѓе со позитивни резултати од тестот за коронавирус, а едно лице починало, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 261. Во последното деноноќие тестирани се 3.269 лица. Од почетокот на епидемијата, во Србија има вкупно 12.894 заразени, а во моментов се активни 589 […]

Во Хрватска расте бројот на заразени со корона вирусот во последните четири дена


Бројот на заразени со корона вирусот во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени. Хрватскиот портал Индекс.хр потсетува дека во четвртокот имало 11, во петокот 12, а вчера 18 нови случаи на коронавирусот. Националниот штаб за цивилна заштита најави дека денеска ќе одржи прес-конференција, по подолго време, по повод зголемувањето на […]

Во БиХ нови 77 заразени од корона вирус


  Во последните 24 часа 77 лица во Босна и Херцеговина заразени се со корона вирус, соопштија здравствените власти. Според Федералниот завод за јавно здравство во БиХ тестирани се 518 примероци, од кои 42 се позитивни на Ковид-19, додека во Република Српска има потврдено 35 случаи, од 278 теста. Во федерацијата БиХ досега се тестирани […]

Корона избори во Србија: До 12 часот излезноста е 18,3 отсто, речиси иста како во 2016 година


  Бирачите во Србија гласаат за нов парламент на изборите кои дел од опозицијата ги бојкотира. До 12 часот на гласање излегле 18,3 отсто, покажуваат пдатоците на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност, од каде оценија дека моменталната излезност е на ниво од парламентарните избори во 2016 година. Забележани се одредени неправилности, меѓу кои и […]

Нови четири случаи во Црна Гора, затворија граничен премин со Србија


  Институтот за јавно здравје на Црна Гора денеска објави дека во земјата има четири нови случаи на Ковид-19. Едниот новопотврден случаеј е поврзан со случувањата во Рожаје, каде има 14 активни случаи. Во Црна Гора има 35 случаи на корона вирус, потврдени последните денови, откако земјата претходно со денови немаше ни еден случај на […]

Во Бугарија регистрирани нови 81 заразен, во Грција 19


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 81 новозаразени со коронавирусот, од извршени 2.371 тестови, покажуваат податоци од Националниот информативен центар.Во истиот период има 67 излекувани пациенти. Во Бугарија до сега има вкупно 3.755 случаи на новиот коронавирус, од кои 2.008 се излекувале а 193 луѓе починале. Според Националниот информативен систем заразата е потврдена […]