Црна Гора регистрира 96 нови случаи со корона вирус, тројца починаа


 

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се потврдени 96 новозаразени со корона вирус, а направени биле 677 тестови, соопшти Институтот за јавно здравје на таа земја.

Пријавени се три смртни случаи на пациенти од Беране, Подгорица и Цетиње.

Вкупниот број на потврдени смртни случаи во таа земја е 33, се наведува во соопштението.

Во Црна Гора во моментот активни се 1.979 случаи со Ковид-19.