Tачи ги претстави новите борбени возила кои Косово ги купи од САД

Косово– Косовскиот претседател Хашим Тачи го претстави денеска новиот континет од 47 оклопни борбени возила, кои Безбедносните сили на Косово (ФСК) ги купија од Соединетите Американски Држави и кои во саботата стасаа во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на Фејсбук по средбата со командантот на ФСК, генерал-полковникот Рахман Рама, Тачи информира и дека наскоро ќе започне регрутацијата на нови припадници на косовските вооружени сили.

-Денеска имав информативна средба со командантот на Безбедносните сили на Косово, генерал-полковникот Рахман Рама. Војската на Косово набави нов контингент од 42 американски борбени возила „Хумвее“. И регрутацијата на новите војници ќе започне наскоро. Слободата, независната држава и војската ни ги даваат идентитетот и гордоста за слободата и демократијата, напиша Тачи.