Србија четврт ден по ред со висок број новозаразени, еден повеќе од вчера


Србија веќе четири дена има повеќе од 90 новозаболени од корона вирус. Во последните 24 часа потврдени се 94 нови случаи, еден повеќе од вчера. Уште еден пациент почина од последиците од Ковид-19. Вчера биле тестирани 4.211 луѓе. На респиратор се 18 пациенти.

Во Албанија се зголемува бројот на пациенти кои болнички се лекуваат од Ковид-19


Aлбанија– Во изминатото деноноќие во Албанија се регистрирани 53 новозаразени со Ковид-19, 12 оздравени и еден починат пациент. Со последните 320 тестови, од почетокот на пандемијата во земјата до сега се направени 23.126 тестирања при што досега позитивни се 1.891 лице, закрепнале 1.126, а починале 43 луѓе. Во моментов во Албанија има 722 активни случаи […]

Црна Гора: Ѓукановиќ распиша парламентарни избори за 30 август


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за 30 август распиша парламентарните и избори во неколку општини. Покрај парламентарните избори, ќе се одржат избори за општинските собранија на Андријевица, Будва, Гусиње и Котор, се вели во соопштението на претседателот. Според неговиот кабинет, Ѓукановиќ одлуката ја донел по консултациите што ги одржа на 16 јуни со претставници на парламентарните […]

Во Хрватска 19 нови случаи на коронавирус


Хрватска– Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 19 нови случаи на коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Најмногу од нив, седум, се регистрирани во Загреб. Во Хрватска досега се тестирани 72.202 лица, од кои 388 во последните 24 часа. Досега, од коронавирусот се излекувале 2.142 лица, додека 107 луѓе починале.

Во Словенија шест новозаразени со коронавирусот од кои две се деца


Словенија – Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата има повторен пораст на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. За разлика до вчерашните два, денеска се потврдени шест нови случаи на лица позитивни на тестот за Ковид-19. Меѓу заразените тројца се од Љубљана, еден од Пиран, а вирусот е потврден и кај двајца […]

Хрватска почна да враќа патници од Србија и БиХ


Хрватска– Патници кои се обиделе да влезат во Хрватска од Србија и Босна и Херцеговина во текот на последните два дена, без да имаат валидна причина поддржана со документација, се вратени од границата во својата земја, пишува „Јутарњи лист“. Ова е, како што се наведува, резултат на заострување на мерките на граничните премини со Србија […]

Ѓукановиќ: Нема компромис со националисти


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека и покрај бројните политички притисоци, нема да има компромис „со националистите и оние што сакаат да го уништат наследството на оваа генерација, кога станува збор за врската меѓу државата и црквата“, се наведува во соопштениоето од неговиот Кабинет по средбата со ЕУ амбасадорите во таа земја. Ѓукановиќ беше гостин […]

Србија утре гласа на парламентарни, покраински и локални избори, опозицијата го бојкотира гласањето


Србија– Наместо на 26 април, поради епидемијата на коронавирус, Србија утре, на 21 јуни гласа на редовните парламентарни, покраински и локални избори. Своето гласачко право ќе можат да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 90 места во Косово и во 42 амбасади на Србија. Граѓаните на Србија ќе бираат […]

Во Србија уште 93 новозаразени, еден починат


  Според последните информации, во последните 24 часа во Србија заразени се уште 93 лица, а еден пациент почина. Со тоа вкупниот број на регистрирани случаи со Ковид-19 порасна на 12.709, а починаа 259. Во последните 24 часа тестирани се 6.729 луѓе, од вкупнo 332.342. Во моментот активни се 628 случаи, а 18 пациенти се […]

Милановиќ не гледа можност за одложување на изборите


 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави денеска дека не гледа можност за одложување на парламентарните избори, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. Како што јави загребската телевизија Н1, Милановиќ рече дека поддржува олеснување и укинување на ригорозните заштитни мерки. – Се плашам дека нема враќање и не можеме да се вратиме на претходниот вид затворање, […]

Евростат: Хрватска на врвот во ЕУ по број на привремено вработени


Хрватска– Хрватска е на врвот на европските земји во однос на бројот на привремено вработени работници, покажа ново истражување на Евростат за 2019 година. Дури 18 проценти од Хрватите во вкупниот број на вработени работат „на определен рок“, односно работат со договор за привремен работен однос, сезонски или преку агенција за вработување. Уделот на привремените работници […]

Хрватска бележи нови 11 случаи од Ковид-19


Во последните 24 часа се евидентирани единаесет нови случаи на корона вирус во Хрватска. Досега се регистрирани вкупно 2.280 позитивни лица на вирусот Ковид-19. Новозаразените лица се од Загреб и околината и Сплитско-далматинската Жупанија. Досега закрепнале 2.142 лица, а 107 лица починале. Нема пациенти на респиратор, а осум лица се лекуваат во болница. Досега се […]

Два нови случаи со Ковид-19 во Словенија


Во Словенија во последните 24 часа забележани се два нови случаи, еден во Љубљана и еден во копар. Вкупниот број заразени е 1.513, додека нови смртни случаи нема, па бројот починати од Ковид-19 останува 109. Во болница има осум пациенти, двајца повеќе од вчера, меќу кои еден на интензивна нега. Во земјата има 34 активни […]

Во Турција 100 евра казна за неносење заштитна маска


Турција – Во 48 турски провинции задолжително е носење заштитни маски, а за оние кои не ги почитуваат тие одредби, предвидена е казна од 900 турски лири или околу 100 100 евра, пренесува „Хаберлер“. Турските власти воведоа обврска за носење маски во трите најголеми градови, а во сабота, поради студентските испити ќе воведат ограничен полициски час за […]

Споменик за протестите против Договорот од Преспа во Грција


Во ова село на 17 јуни 2018 грчките граѓани се спротивставија на потпишувањето на Договорот од Преспа, пишува на мермерниот споменикот подигнат во грчкото село Писодери во северниот дел на земјата, онаму каде што пред две години имаше инциденти, додека во Псарадес тогашните премиери на Северна Македонија и Грција го ставија нивниот потпис на решението […]

Снимките од спалната соба и тажната вистина за Бојко Борисов


Вистината е тажна за Борисов. Компромитирачките материјали што излегуваат сега доаѓаат од луѓе кои се блиски до него – тие не се дело на опозицијата. Коментар на Даниел Смилов  Утринските брифинзи посветени на кризата со коронавирусот беа дефинитивно засенети од вчерашниот попладневен брифинг на премиерот и неговата армија, која истовремено ја исполнуваше улогата на мизансцен […]

Во Турција повторно воведен полициски час и задолжително носење маски


Турција – Турските власти воведоа обврска за задолжително носење маски во трите најголеми градови и ќе воведат ограничен полициски час поради студентските испити за да се спречи ширењето на коронавирусот, по порастот на нови случаи после повторното отворање на многу компании. Гувернерите на Истанбул, Анкара и Бурса најавија дека маските ќе бидат задолжителни врз основа на […]

Црна Гора ја затвори границата со БиХ поради коронавирусот


Црна Гора ја затвори границата со Босна и Херцеговина и повторно воведе задолжително носење маски, откако епидемијата во државата беше засилена од навивачи кои се враќаа во Црна Гора од Србија преку БиХ. „Националното координативно тело одлучи привремено да ја исклучи БиХ од списокот на држави од кои се влегува Црна Гора без мерка институционална […]

Вирусот се врати и во Хрватска – 11 новозаболени


Во Хрватска денеска се регистрирани 11 новозаболени од корона вирус, а четворица се во болница. „11 новозаболени во последните 24 часа, вкупно 2.269. Вкупно досега се тестирани 70.995 лица, а во последните 24 часа 368. Едно лице оздраве, па вкупно оздравени се 2.142. Во болница се девет лица. Нема пациенти на респиратор. Нема новопочинати“, истакнаа […]