Босна и Херцеговина регистрира 183 заразени и седум починати

 

Според податоците на ентитетските здравствени институции, во БиХ во последните 24 часа регистрирани се 183 случаи од корона вирус, а седум пациенти починале.

Во федерацијата тестирани се 527 примероци, а од нив 158 биле позитивни на вирусот.

Досега тестирани се 82.716, а Ковид-19 потврден е кај 5.943 лица.

До денеска, во Федерацијата оздравеле 2.748 пациенти, а активни се уште 3.066 случаи. Потврдени се 129 смртни случаи.

Во Република Српска тестирани се 390, а само кај 14 чца е потврден вирусот. Забележан е еден смртен слуачј. Досега потврдени се 4.422 случаи, а почнинаа вкупно 156 паценти.

Во дистриктот Брчко регистрираа 11 случаи.