Вучиќ сака да купува ловци-бомбардери


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека се започнати „одредени иницијативи“ за зајакнување на српските воздушни сили, особено бомбардерската компонента.

Тој рече дека ќе се зајакне капацитетот на противвоздушната одбрана.

„Во голема мерка ја обновивме бомбардерската авијација, денес имаме 10 ‘орли’, исто така имаме „супер галеби Г-4’ што можеме да го користиме во тие акции, но тоа мора да биде многу посилно. Ќе настојуваме да купиме ловци-бомбардери кои се способни да спроведат тесна борба во воздухот, но и да дејствуваат на цели на теренот“, им рече Вучиќ на новинарите по посетата на припадниците на 15. тенковски баталјон на српската армија во касарната „Бошко Палковлевиќ – Пинки“ во Сремска Митровица.

Наведувајќи дека ситуацијата во Воздухопловните сили и противвоздушната одбрана е многу подобра отколку што беше, Вучиќ рече дека во моментов се достапни десет точни борбени авиони „миг-29“ и најави дека за „два или три месеци“ тој број ќе се зголеми на 14, откако ќе дојдат четири авиони од Белорусија. (Бета)