Во Косово од 404 тестирани, 276 се позитивни на корона вирус


 

Националниот институт за јавно здравје во Косово соопшти денеска дека во последните 24 часа се тестрани вкупно 404 луѓе, а 276 биле позитивни.

Бројот на инфицирани од почетокот на епидемијата достигна до 7.413 од 34.720 тестирани.

Денеска од последиците на Ковид-19 починаа осуммина, а од почетокот на епидемијата 185 пациенти.

Оздравеле 4.027, а активни се уште 3.201 слуачи.