Вучиќ барал да остане „Сараевска“


 

Многу бура се дигна во јавноста по одлуката на белградските власти да ги променат имињата на улиците во Белград кои носта имиња по топоними од поранешна Југославија.

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, на чија иницијатива се прави промената, гостувајќи во Утринската програма на ТВ Пинк, вели дека не се работи за бришење на историјата, туку за почитување на српската осторија.

Тој објасни дека за промената на имињата на улиците во Белград разговарал и со претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој лично молел да не се менува името на „Сараевска улица“.

„нема причина да се држиме до имиња со топоними од држава која веќе не постои. Нема потреба во Белград да има „Хрватска улица“ затоа што никаде во Хрватска не постои Српска улица. Не може да бидеме мазохисти и единствено ние да имаме улици кои се викаат „Хрватска“, „Босна“, „Словенија““, додава Весиќ.

На прашањето дали е ова политичка одлука тој вели: „Како може да кажете дека е политичка приказна кога го штитиме нашиот национален идентитет“.

Инаку, идејата не беше добро дочекана ниту во Србија, ниту во поранешните југословенски држави.

Една Белграѓанка на Фејсбук напиша дека улицата „Сараевска“ мора да остане, таму живееле нејзините синови, а многумина не штедеа негативни квалификации кон оние чија е идејата.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216837974893573&set=p.10216837974893573&type=3&theater

За потсетување, ќе се менуваат имињата на „Мостарска“, „Зеничка“, Хрватска“, „Хварска“, „Љубљанска“, „Мурска“ и други улици, но не и „Кумановска“, затоа што во Кумановската битка Србите биле заслужни.