Гореше Подгорица

 

Во Подгорица, главниот град на Црна Гора, избија неколку пожари, а голем пожар горел во населбата Веље Брдо, соопшти началникот на СЛужбата за заштита и спасување Горан Јанковиќ.

Пожарникарите се на терен во Веље Брдо и за сега не се загрозени куќите и далекуводите.

Пожарот е локализиран во текот на ноќта, а пожарникарите дежурале цела ноќ.

Подгорички Вијести пишуваат дека голем чад се издигнувал од пожарот, кој е активен во последните 24 часа.

Екипите не успеале да го изгасат пожарот ни со помош на авиони од Директоратот за вонредни состојби.

Ос СЛужбата за заштита и спасување на Подгорица соопштија преку Фејсбук дека нивните припадници во последните 24 часа реализирале вкупно 34 интервенции.

Повњеќето интервенции биле при пожар на трева и ниски растенија, а се запалил и еден евтомобил.