Австриски експерт тврди дека половина од населението на Балканот е заразено со коронавирусот


Фото: Б. Грданоски

Австрија– Шефот на Одделот за хумана медицина на австриската Агенција за безбедност на храна (АГЕС), Франц Алербергер, проценува дека стапката на зараза со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е 50 проценти.

Алербергер за виенскиот неделник „Профил“ изјави дека смета оти заразата на Балканот е десет пати поголема отколку што покажуваат официјалните бројки.

– Локалното население во Вухан или Ишгл го имаше тој степен на заразеност, рече тој, потсетувајќи дека во австрискиот ски центар Ишгл, кој беше европско жариште на почетокот на пандемијата, стапката на зараза беше 43 проценти според серолошките тестови.

Австрија ги стави земјите од Западен Балкан на листата на високо ризични земји во однос на зараза со коронавирусот.