Земјотрес во Егејско Море кај островот Касос


Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран денеска во Егејско Море, соопшти Атинскиот геодинамички институт. Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри југозападно од островот Касос, а од Атина е оддалечен 401 километар.

Денеска 85 новозаразени во Хрватска


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 85 случаи на заразени со корона вирус, а во моментот има 386 активни случаи, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари кога беше забележан првиот случај на зараза во Хрватска до денеска вкупно се забалежани 2.624 случаи на заразени од Ковид-19, од кои […]

Србија ескалира: Нови 227 заразени од Ковид-19, двајца починаа


Денеска се регистрирани 227 новозаразени од Ковид-19 во Србија, а две лица починаа, јавија српските медиуми. Претходните денови, постепено се зголемуваше бројката на новозаразени кај нашиот северен сосед. Неколку дена со ред имаа по над 90 заболени, за последните два дена бројката да се искачи над 100, а денеска се регистрирани 227. Во последните 24 […]

Во Хрватска запленети 25 килограми кокаин


Речиси 25 килограми висококвалитетен кокаин се пронајдени во автомобил на 49-годишен италијански државјанин при контрола на полицијата и хрватската царина на Јадранскиот автопат кај Бачина, соопшти денеска полицијата. Дрогата, што ја намирисало службено куче, била пронајдена вчера попладне, спакувана во 11 пакувања и скриена под сопатничкото седиште, а била наменета за западноевропскиот пазар. Началникот на […]

И претседателката на Собранието на Србија позитивна на корона


На претседателката на Народното собрание на Србија, Маја Гојковиќ, денеска ѝ е потврден позитивниот наод на корона вирус. Таа се наоѓа во болница каде ја прима неопходната терапија. Од нејзиниот кабинет на Танјуг му рекле дека Гојковиќ има воспаление на белите дробови, но дека се чувствува добро. Заразата од корона вирусот досега ја потврдија министерот […]

Светска банка одобри заем од 500 милиони евра за Хрватска


Одборот на извршни директори на Светска банка одобри два проекта во вредност од 500 милиони американски долари за Хрватска за итна поддршка во ублажување на ефектите од пандемијата на коронавирусот и земјотресот во Загреб. Како што прецизира Канцеларијата на Светска банка во Загреб, ефектите од пандемијата врз здравјето и економијата во Хрватска, како и во […]

Тачи се надеваше дека Вашингтон ќе го спаси


„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објавува делови од последното необјавено интервју со Хашим Тачи пред откривањето на обвинението за воени злосторства. Шанса за нов почеток на Косово, оценуваат други медиуми   Новинарот на Франкфуртер алгемајне цајтунг Михаел Мартенс минатата недела разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи во пресрет на најавената средба со српскиот колега Александар Вучиќ во Вашингтон. […]

Во Бугарија уапсен шефот на одделот за борба против наркотици


Бугарија– Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици. – Тие се осомничени поради штитење на активностите на организираните криминални групи, вмешани во […]

Доживотен затвор за 121 лице поради обидот за воен преврат во Турција


Суд во Анкара осуди на доживотен затвор 121 лице за наводна вмешаност во обидот за воен преврат во 2016 година, јави Анадолија. Судот осуди на строг доживотен затвор 86 лица поради „обид за кршење на Уставот“ и уште 35 луѓе на доживотен затвор. Строг доживотен затвор предвидува потешки услови во затворот. Турција го обвинува Фетулах […]

Километарска колона на бугарско-грчката граница


Колони возила од три километри имало претпладнево на граничниот премин Промахонас за влез од Бугарија во Грција, објави грчката телевизија „Скај“. Во поголемиот дел, туристите се од Бугарија и Србија, а во Грција доаѓаат на неколкудневен одмор. На граничниот премин секојдневно има и претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција, кои прават тестови […]

Одложена средбата „Процес Брдо-Бриони“ поради коронавирусот


Словенечкиот претседател, Борут Пахор ја одложи средбата на Процесот Брдо-Бриони, што требаше да се одржи в понеделник, 29 јуни, во Крањ, поради епидемиолошката состојба. Пахор нагалсува дека го одложил состанокот, откако бил информиран за најновата епидемиолошка состојба во земјите членки на Процесот Брдо-Бриони. На состанокот, како што се наведува во соопштение од неговиот Кабинет,  требаше […]

Во Србија денеска 193 случаи на Ковид-19, еден почина


Според последните податоци, во соседна Србија, од корона вирус заразени се 193 лица. Од последиците на Ковид-19, почина уште едно лице. Во последните 24 часа тестирани беа 8.495 лица. На респиратор се 26 пациенти.

Уште 140 новозаразени во Босна и Херцеговина


  Во последните 24 часа во федерацијата БиХ се регистрирани нови 87 зарзени со корона вирус, а во Република Српска 53. Вкупно во НиХ во 24 часа заразени се 140 лица. До сега во БиХ се тестирани 51.668 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 1.819 лица. Заклучно со денеска во федерацијата БиХ оздравеле 1.022 пациенти, […]

Нови 56 случаи во Хрватска – Загреб е жариште


  Во Хрватска во последните 24 часа евидентирани се нови 56 заболени од корона вирус, со што вкупниот број заразени од почетокот на пеидемијата изнесува 2.539. Мегу новозаразените 23 се од главниот град Загреб. Денеска биле тестирани 780 лица. На болничко лекување се 51 пациент, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Србија: Ситуацијата се влошува, да се затворат ноќните клубови


Епидемиологот Предраг Кон вели дека ситуацијата со корона вирусот во Србија се влошува, а дека во Белград е веќе заканувачка. „Се тестираат се повеќе луѓе. Има заболени во студенските домови, а последниот податок е дека 91 се позитивни, веројатно и тоа се менува“, вели Кон, кој е член на Кризниот штаб. Наведе дека во моментот […]

Билт: Тачи ќе биде уапсен доколку обвинението биде потврдено


Косово – Поранешниот шведски премиер, Карл Билт, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку се потврди обвинението против него. Во изјавата за „ГЗЕРО Медиа“, тој оцени дека доколку има судење, заштитата на сведоците ќе биде „поголем проблем“, пренесе синоќа Косово онлајн. -Ако обвинението, што е објавено, биде потврдено, тогаш тој ќе се соочи […]

Дендиас: Потребно е зајакнување на соработката во регионот за безбедносните прашања


Потребата за зајакнување на соработката во безбедносните прашања и за промовирање на демократските реформи и човековите права во рамките на европската перспектива на регионот, зајакнување на поврзаноста меѓу земјите, како и за заедничко решавање на политичките и економските последици од пандемијата, биле темите на кои се осврнал министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас […]

На Србите не им треба крал кога го имаат Вучиќ


Некои мислат дека револуцијата од 5 октомври е убиена со Зоран Ѓинѓиќ. Но всушност, таа беше закопана од Александар Вучиќ дури сега, со парламентот без опозиција, смета Драгослав Дедовиќ   Што се случи во Србија на тој 21 јуни 2020? Привремено- или можеби потрајно- суспендирање на парламентарниот плурализам. Доколку на напредњаците им се придодадат социјалистите како вечни […]

Продолжува растот на новозаболени во Србија, денеска 137 нови, еден почина


Според последните информации, во Србија од Ковид-19 се заразиле уште 137 лица, а еден пациент почина. Со тоа вкупниот број заразени порасна на 13.372, а починаа 264. Во последните 24 часа тестирани се 7.311 лица, или вкупно 366.380. Во моментот има 954 активни случаи, а на респиратор се 24 лица. Процентот на смртност во Србија […]

Грција засега останува на планот за отворање на границите на 1 јули


Засега остануваме на нашиот основен план, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, во однос на тоа дали остануваат на првичниот план за отворање на копнените граници на 1 јули. -Ги следиме одблиску епидемиолошките карактеристики во сите земји што се однесуваат […]