Во Хрватска нови 34 заболени, но починаа четворица


Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 34 новозаразени со корона вирус.

Со тоа бројот на активни случаи изнесува 703, а починаа четири пациенти, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

На болничко лекување се 130 пациенти, од кои шест на респиратор.

Од почетокот на епидемијата до денеска регистрирани се 5.294 лица заразени со новиот корона вирус, од кои 153 починаа, а 4.438 оздравеа.

Во самоизолација во моментот се 2.520 лица.

До денеска тестирани се 122.083 лица, од кои 763 во последните 24 часа.