Десетмина починаа во БиХ од Ковид-19, новозаразени 165


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа направени се 1.213  тестови на корона вирус од кои 165 биле позитивни, а забележани се и десет смртни случаи.

Во Федерацијата од 627 тестирани 125 се позитивни, починаа четворица, а во Република Српска тестирани се 586 примероци од кои позитивни се 40, починаа шетмина.

Во федерацијата досега се тестирани 88.577 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 7.216 лица, оздравеа 3.601 пациенти, а починаа 168.

Досега во Република Српска потврдени се 5.060 случаи со корона вирус, а оздравеа 2.711 пациенти, додека 182 починаа.