Епидемијата во БиХ никако да се смири, нови 377 заразени


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 377 лица заразени со корона вирусот.

Во Федерацијата БиХ тестирани се 974 примероци, од кои 301 се позитивни на корона вирус, пренесе klix.ba.

Досега се тестирани 89.551 примероци, а корона вирусот е потврден кај 7.517 лица.

ДО денеска оздрава, 3.782 пациенти, а активни се 3.557 случаи.

Од почетокот на пандемијата во Федерацијата БиХ починаа 178 пациенти.

Само во кантонот Сараево во последното деноноќие потврдени се 157 нови случаи.

Во Република Српска корона вирусот е потврден кај 76 лица, а еден пацинет почина.

Досега во РС регистрирани се 5.136 заразени, а починаа 183 лица.