Србите почнаа да ја откриваат и Србија, а не само Грција


Стотици луѓе чекаат во ред за влез на езерото Розе кај Суботица

Ова лето, за Србите одморот во странство стана невозможна мисија поради пандемијата, па сезоната им пружи можност да ја запознаат Србија подобро од порано. Поради сето ова, некои локации се преполни со луѓе кои чекаат во редови.

Судејќи според фотографиите на социјалните мрежи три дестинации се хит во Србија ова лето: Розе езерото во бањата Пачир кај Суботица, тврдината Голубац на Дунав, Бешеновачкото Езеро кај Сремска Митровица, кое настана откако јамата на еден поранешен рудник почна да се полни со вода во 1980-тите години кога престана копањето во него.

Поглед од воздух на езерото Розе

Огромниот број луѓе што чекаат во редици и купот автомобили на паркинзите не се изненадувачки, со оглед дека впечатоците од тие места веќе некое време масовно се споделуваат на социјалните мрежи.

Слична е ситуацијата и во Крупајско Врело, Сисевац, Лисине…

Розевото Езеро се наоѓа недалеку од Суботица, а наводно водата во него е погодна за ревматичари, луѓе со кожни заболувања и влијае на зајакнување на имунитетот.

Тврдината Голубац е изградена на самиот влез во клисурата Ѓердап. Тоа беше важно средновековно воено гранично утврдување, плански градено заради воено-стратешкото значење на местото.

Езерото Бели камен или езерото Бешеновачко е скапоцен камен на Фрушка Гора.

По инвазијата на луѓето на полињата со лаванда, на социјалните мрежи успеа да се генерираат нови туристички фаворити, иако најубавите локации во Србија сè уште остануваат помалку видливи и достапни. За нив, сепак, потребно е да се направи обид и да се истражат малку повеќе. (Нова.рс)

Редици и за влез во тврдината Голубац