Заразени во Хрватска ги премолчуваат контактите за пријателите да не им одат во изолација


 

Хрватските епидемиолози се жалаат дека голем број од заразените со корона вирус ги премолчуваат контактите затоа што сакаат да ги спречат пријателите да одат во самозилоација.

Според пишувањето на „Јутарњи лист“, заразените тоа го прават за да ги спасат пријателите кои одат на летување, или затоа што сакаат да избегнат самоизолација во сред испитен рок, или едноставно пријателот ги замолува да не го пријават оти „може оопшто да не добие корона“.

Како што велат епидемиолозите, многумина и понатаму не ја сфаќаат Ковид-19 како сериозна болест не само за нив туку и за оние кои живеат со нив, кои заедно работат или со кои се дружат.

ДОдаваат дека покрај оние кои сериозно ја сфаќаат болеста и се придржуваат до мерките, има и такви кои не размислувајќи организираат големи свадби, крштевки, забави, односно секакви ситуации во кои корона вирусот брзо се шири.

Епидемиолозите по тие големи случувања дополнително ги мачи фактот дека има и такви кои не сакаат да ги кажат контактите иако тоа се бара од нив.

„За свадбите кои беа на почетокот на јули никогаш не добивме попис на сите кои биле на тие случувања, ни од младоженците, ни од организаторите на свадбите. Така никогаш не дознавме кој се бил таму. Дури ако некој се разболи, дознаваме дека бил на некоја од тие свадби на кои се собираа голем број луѓе“, вели епидемиологот од Винковци, Ведрана Ланц Чурдињаковиќ.

Според нејзините зборови, имало и луѓе кои се правдале дека биле на состаноци, па затоа не се контакт, или дека доцнеле на истиот па немале време да се заразат, или дека заминале од состанокот, токму кога заразениот дошол.

„Знаеме дека тоа не е вистина, но немаме никаква можност да докажеме па таквите `поминуваат` без самоизолација и се опасност за својата околина, вели Ланц Чурдињаковиќ. Додава дека некои од нив се фаќаат во лага кога ќе се разболат, но има и такви кои поминуваат со благи симптоми или асимптоматски.

Таа повтори дека пронаоѓањето на најголемиот број контакти на заразениот е суштината на квалитетна борба против ширењето на Ковид=19, што значи да се дојде барем до 80 отсто од контактите во рок од три дена.