Нови 59 заболени во Србија, еден пациент почина
Во Србија, според последните информации, во последните 24 часа има регистрирано 59 новозаболени. Еден пациент со Ковид-19 почина. Во последниот ден тестирани се 5.470, а вкупно 313.483 од почетокот на епидемијата. Досега заразени се 12.426 лица, а во моментот 546 се активни случаи. На респиратор се 15 пациенти.