Босна и Херцеговина со нови 253 случаи со корона вирус


 

Босна и Херцеговина во последните 24 часа забележа нови 253 заразени со корона висур, и голем број оздравени.

Тестирани биле 1.554 примероци, а во Федерацијата БиХ 159 се позитивни, додека во Република Српска 94.

Во Федерацијата досега тестирани се 97.868 примероци, од кои 8.929 се позитивни

ДО денеска во федерацијата оздравеа 5.388 пациенти, а активни се 3.309 случаи. ПОчинаа четворица со што бројот на починати се искачи на 232.

Во Република Српска пак тестирани се 525 примероци со 94 позитивни.

Досгеа потврдени се 5.788 случаи, а починаа вкупно 206 пациенти, Досега тестирани се 55.881 лица.