Драстичен скок на новозаболени во Хрватска, втор најлош ден од епидемијата


 

Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 130 новозаболени со Ковид-19, па во моментот има 686 активни случаи меѓу кои и 35 здравствени работници.

Осум пациенти се на респиратор, соопштија на прес-конференција од Националниот штаб за цивилна заштита.

Вкупниот број заболени е 5.870, а има и 2.279 во самоизолација. Од почетокот на епидемијата тестирани се 132.292 примероци.

„Нема значителни нови жаришта. Луѓето се враќаат од годишни одмори и има многу млади заболени. Кај новозаразените 34 години е просекот на возраста. Тие биле на многу места каде младите се забавуваат“, рече директорот на Инсититутот за јавно здравје Крунослав Чапак.

Тој потсети дека штабот вчера препорачал да се затворат дел од клубовите.

Ова е втор најлош ден по број на заразени од почетокот на епидемијата, па така на 11 јули Хрватска имаше 140 случаи, пренесе „Јутарњи лист“.

Вчера беа регистрирани 91 случај, а две лица починаа.