Во Словенија 37 новозаразени, највисока бројка од април


 

Во Словенија во последните 24 часа на корона вирус биле тестирани 937 лица, а заразата е потврдена кај 37, осум повеќе од вчера, објави во петок словенечката влада.

Ова е највисок број новозаразени од 3 април, кога беа регистрирани 43 случаи.

Бројот на починати останува 129, а вкупно инфицирани се 2.369

Во болница има 18 пациенти со Ковид-19, од кои три на интензивна нега, а актвни се 213 случаи.