Во Србија нови 254 заразени, починале уште шест лица


Во последните 24 часа во Србија официјално починаа уште шест лица како резултат на корона вирусот, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 658, соопшти Министерството за здравство.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 8.768 лица за корона вирус, а регистрирани се 254 нови случаи.

На респираторите има 87 пациенти.

Од почетокот на епидемијата се потврдени вкупно 28.751 случаи на инфекција во Србија. Стапката на смртност е 2,29 проценти. Вкупно 2.454 лица се хоспитализирани.