Косово со 11 починати и нови 205 случаи со корона вирус


 

Националниот институт за јавно здравје од Косово денеска соопшти дека од последиците на Ковид-19 последниот ден починале 11 пациенти, а нови 205 се заразени.

Вкупниот број починати во Косово сега изнесува 365.

Досега заразата е потврдена кај 10.795 лица од 42.136 тестирани.

Во истиот период излечени се 163 пациенти, а вкупно излечени се 6.411 лица.
Активни се уште 4.019.