Србија воведува ПЦР тест и карантин за странци


 

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ од Србија вели дека земјата планира воведување ПЦР тест и изолација од 14 дена за странци кои доаѓаат во Србија.

Тој за Танјуг изјави дека на следната седница на Кризниот штаб, која е планирана во текот на неделава, ќе биде прецизирано на која земја ќе се однесува тоа.

Како што додава, Србија сега има подобра епидемиолошка слика од пред еден месец и сега тоа треба да се зачува.

„Ќе мора тоа да го направиме, но дури откако ќе ги согледаме епидемиолошките ситуации во земјите околу нас. Нема дилема за Бразил и Индија, но за земјите од Европа мора добро да процениме“, вели Тиодоровиќ.

Тоа значи дека кога ќе се донесе одлуката сите што ќе сакаат да влезат во Србија ќе мора да покажат ПЦР тест не постар до 72 часа и ќе треба да останат во изолација следните 14 дена.

Списокот земји на кои ќе се однесува мерката се уште не е составен, а досега во Србија не беше воведена ваква мерка за ни една земја.