(Фото) Се отвораше нов маркет во Задар, со раце грабаа печено свинско


 

Во хрватскиот, приморски град Задар, утрово беше отворен маркет на трговскиот синџир „Еуроспин“, каде се забележаа многу луѓе, метеѓ во и надвор од продавницата, а покрај тоа, луѓето со раце грабаа печено свинско.

Како што пренесува ИНдекс, однесувањето на купувачите било далеку од здрав памет, а отворањето на маркетот било засенето од однесувањето спротивно на сите противепидемиски мерки.

Најпрво, пред отворањето се собрал многу народ. По сечењето на црвената лента луѓето биле повикани да „полетаат во дуќанот“, па тие буквално полетале.

За држење дистанца не станува збор. Сите со корпи и колички купувале производи. Никој на влезот не ги предупредувал да носат маски и да држат дистанца.

Но, вистинки распад на противепидемиските мерки настанал кај масата со печено свинско, каде девојка сечела од месото и ставала на пластични тањири, но луѓето земале со голи раце од него, а на некои маската им е спуштена под носот.

Една читателка успеала да направи неколку фотографии, а го прашала и момчето од обезбедувањето на влез зошто пуштаат премногу луѓе, кое дрско ѝ одговорило да земе метро и да го измери дуќанот.

Таа пријавила и во службите што ги сметала за надлежни, некаде ѝ рекле дека не се надлежни, некаде никој не се јавувал, а се јавила и во полиција, но не дочекала да види дали дошла полиција.

Убедена е дека ова ќе биде ново жариште на корона вирус во Хрватска, која денеска го имаше најлошиот ден од почетокот на епидемијата со највисок број новозаразени, дури 180.