БиХ денеска регистрира нови 222 случаи, оздравеа 324


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 222 новозаразени лица. Од тој број 143 се во Федерацијата, а 79 во Република Српска.

Во Федерацијата тестирани се 1.059 примероци, од кои 143 позитивни на Ковид-19, а досега тестирани се вкупно 98.927 примероци, од кои 9.072 се позитивни.

До денеска оздравеле 5.566, а активни се 3.271 случаи.

Пријавени се три смртни случаи, или вкупно 235.,

Во последните 24 часа Република Српска пријави два смртни случаи и 79 новозаболени.

Досега потврдени се 5.867 случаи со корона вирус, а починаа вкупно 208 лица.

Оздравеле 3.496 пацинети, а тестирани се вкупно 56.280 лица.