Мицотакис: Постои општ договор меѓу европските земји дека е речиси невозможен втор карантин


Мислам дека постои општ договор меѓу европските земји, дека е многу тешко, речиси невозможно да одиме на втор целосен карантин, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Athens Democracy Forum 2020“ во дискусија со израелскиот професор, писател и историчар Јувал Ноа Харари, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис детално и […]

Словенија обезбеди 2,5 милиони евра за развој на вакцини


Владата на Словенија обезбеди повеќе од 2,5 милиони евра за Инструментот за итна поддршка на Европската комисија за финансирање на развој на потенцијални вакцини Ковид-19, на кои работат неколку компании. Средствата ќе бидат вклучени во крајните цени на вакцините, пренесува агенцијата СТА. Европската комисија најави заеднички пристап на ЕУ во преговорите со производителите на потенцијални вакцини […]

Во Словенија нема да биде задолжително носењето маски во градинките и училиштата


Во Словенија повеќе нема да биде задолжително носењето заштитни маски во градинките. Учениците од основните и средните училишта, за време на нивните часови, како и наставниците кои предаваат на деца до трето одделение, исто така ќе бидат ослободени од ова правило. Според владината одлука донесена синоќа, наставниот кадар во средните училишта и на факултетите нема да […]

Хрватска повторно со висок број новозаразени, денеска 241


  Во Хрватска во последните 24 часа потврдени се 241 новозаразени со корона вирус, а бројот на активни случаи е 1.447. Според Штабот за цивилна заштита, 289 пациенти се во болница, а од нив 23 на респиратор. Починаа двајца пациенти, со што од Ковид-19 во Хрватска вкупно досега починаа 293 лица. Вкупно се заразија 17.401, […]

Вјоса Османи: Србија ја водат геноцидни умови, слушнете што вели Дачиќ


Претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи вели дека во Србија ништо не е сменето од времето на војните во регионот и дека таа држава „и натаму ја водат геноцидни умови“, јави дописникот на МИА од Приштина. Нејзиното тврдење Османи го поткрепува со изјавата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, дадена во […]

Претседателот на хрватскиот парламент има корона вирус


Претседателот на хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ, кој е во самоизолација, денеска бил тестиран, а вечерва добил позитивен тест на корона вирус. Јандроковиќ бил во самоизолација од средата , кога на шефот на неговата канцеларија му била потврдена инфекција со корона вирус. Бидејќи Јандроковиќ бил во контакт со него претходниот ден, епидемиолозите му наредиле да биде […]

Рама: „Мини шенген“ ќе донесе признавање на Косово од страна на Србија


На заедничката седница на владите на Албанија и Косово, што денеска се одржа во Тирана, албанскиот премиерот Еди Рама се задржа и на иницјативата за мини шенген. Меѓу другото, Рама изјави дека „проширувањето и интеграцијата на пазарите во регионот не носи ништо лошо, напротив носи поголема економија, вработување и можности за мир или конечно решавање […]

Во Србија 73 новозаразени


  Според последните информации во Србија се регистрирани 73 нови случаи, а почина едно лице. Во последните 24 часа тестирани се 6.661 примерок, а вкупно 33.735. Во болница се 281 пациенти, а на респиратор 23 пациенти. Стапката на смртност во Србија изнесува 2,23 отсто.

На Словенија ѝ се заканува карантин – денеска рекордни 238 новозаразени


  Словенија забележа рекорден број новозаразени во последниот дневен пресек, откако беа потврдени 238 позитивно тестирани луѓе на корона вирус. Вкупно досега се регистрирани 6.103 лица, пренесе СТА. Од корона вирус починаа уште две лица, а вкупно 154. Тестирани биле 3.281 примероци. На интензивна се 15 пациенти, а 86 во болница. Активни се 1.908 случаи. […]

Босна и Херцеговина со нови 226 заразени и 10 починати


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 226 случаи на зараза со корона вирус и 10 смртни случаи. Во Федерацијата биле тестирани 1.223 примероци, при што 161 се позитивни, а воедно пријави и седум починати. Досега во федерацијата се тестирани 160.428 примероци, а корона вирусот е потврден кај 18.190 лица. Оздравеле […]

Потврдени 114 случаи на Ковид-19 во фабрика за конзервирање во Грција


Фабрика за конзервирање во Пела, во северниот дел на Грција ќе биде десет дена затворена, откако беа потврдени 114 позитивни случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. По спроведените контроли и по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, а во согласност со Националната организација за јавно здравје, фабриката од […]

Црн ден во Хрватска – 333 заболени, седум лица починаа


Во последните 24 часа се евидентирани 333 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 1.446, објави утрово Националниот штаб за цивилна заштита. Меѓу нив, 286 пациенти се во болница, од кои 23 се на апарати за дишење. Починаа седум лица. Од 25 февруари 2020 година, […]

Ѓилас: Власта во Србија ќе биде сменета за една ипол година


Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, денес изјави дека е сигурен дека во следните година и половина, ќе додје до промена на власта во Србија на сите нивоа. Ѓилас во интервјуто за агенцијата Бета изјави дека неговиот оптимизам се темели првенствено на фактот дека луѓето го надминале стравот и […]

Прв случај на ширење на Ковид-19 меѓу деца во училиште во Загреб


  Во Загреб, Хрватска, забележан е прв случај на ширење на корона вирусот меѓу децата во едно основно училиште, пишува Јутарњи лист. Двајца осмоодделенци од исто одделние позитивни се на Ковид-19, а епидемиолозите од Наставниот завод за јавно здравје се обидуваат да дознаат кој прв се заразил. Ова е прва индиција за пренос. Се уште […]

Европратениците од Комисијата за граѓански слободи побараа од Софија да ги почитува одлуките на Стразбур за македонското малцинство


Комисијата за граѓански слободи (ЛИБЕ) на Европскиот парламент во денешната усвоена нацрт-резолуција за ситуацијата со основните права и правната држава во Бугарија, ги повика бугарските власти да обезбедат почитување на вредностите на ЕУ и Повелбата за основните права, јави дописникот на МИА. Нацрт-резолуцијата предложена од известувачот Хуан Фернандо Лопез Агилар (социјалист, Шпанија) со 35 гласа […]

Србија со 111 новозаболени, најмногу од 27 август наваму


  Според последните информации во Србија, заклучно со 15 часот, регистрирани се нови 111 случаи на заразени со корона вирус, а почина едно лице. Ова е најголем број регистрирани новозаболени во еден ден од 27 август наваму. Од Кризниот штаб апелираа граѓаните да се придржуваат до мерките, односно задолжително да носат маски во затворен простор, […]

Осудена поранешната сопруга на Вучиќ


Новинарката на Пинк, Ксенија Вучиќ и сопственикот на таа телевизија, Жељко Митровиќ, првстепено се осудени во Високиот суд во Белград за пласирање на невистини за малолетникот Д. Ѓ., кој од наведените на протестот на идните средношколци пред Министерството за образование, беше обвинет дека ја запалил сликата на министерот Младен Шарчевиќ. Како што јави допсиникот на […]

Радев: ЕК откри тоа што го знаат Бугарите со години


По првпат, Европската комисија објави извештај со анализа на владеењето на правото во сите земји на ЕУ, кој нотираше многу проблеми кога станува збор за Бугарија. – Извештајот на Европската комисија ги констатираше проблемите кои со години се очигледни за Бугарите. Но, кога го коментираме овој извештај, мора да сфатиме дека колку што е критички […]

Најмалку 40 случаи на Ковид-19 во дом за стари лица во Атина


Во дом за стари лица во центарот на Атина регистрирани се над 40 позитивни случаи на Ковид-19, а дел од заразените веќе се пренесуваат во болници, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, Панајотис Аркуманеас за грчкото радио „Скај“ рече дека досега се потврдени 40 случаи, но […]

Босна и Херцеговина со нови 280 новозаразени, петмина починаа


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрира нови 280 заразени со Ковид-19. Во Заводот за јавно здравје на Федерацијата биле тестирани 1.580 примероци, од кои 192 се позитивни. Досега тестирани се 159.205 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 18.029 лица. До денеска во БиХ излечени се 14.292 пациенти. Активни се 3.208 случаи. […]