Прв случај на ширење на Ковид-19 меѓу деца во училиште во Загреб


 

Во Загреб, Хрватска, забележан е прв случај на ширење на корона вирусот меѓу децата во едно основно училиште, пишува Јутарњи лист.

Двајца осмоодделенци од исто одделние позитивни се на Ковид-19, а епидемиолозите од Наставниот завод за јавно здравје се обидуваат да дознаат кој прв се заразил.

Ова е прва индиција за пренос. Се уште не може да се потврди дека децата си го пренеле вирусот еден на друг, или двајцата се заразиле од надвор. Сепак поверојатно е дека дошло до пренус меѓу нив.

Се појаснува дека за сега тоа е изолиран случај и дека сите досега заразени вирусот го добиле надвор од училиштето, а сите нивни контакти, децата од одделението кои се во самоизолација, не заболуваат.

Децата не одат по автоматизам во самоизолација, ако се појави заразен ученик во нивното одделение, туку треба да бидат исполнети одредени епидемиолошки услови.

Од почетокот на учебната година во Хрватска, пред четири недели, само 50 родители побарале децата да не носат маски во училиште поради реални причини, и уште толку побарале онлајн настава, заради хронични болести на децата.