Црн ден во Хрватска – 333 заболени, седум лица починаа

Во последните 24 часа се евидентирани 333 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 1.446, објави утрово Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 286 пациенти се во болница, од кои 23 се на апарати за дишење.

Починаа седум лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно се евидентирани 17.160 лица заразени со новиот корона вирус, од кои 291 починаа; вкупно 15.423 се опоравени, од кои 205 во последните 24 часа.