ЕК: Турција се оддалечува од членството во Европската унија


Европската комисија соопшти дека турската Влада ја поткопува економијата на својата земја, ја поткопува демократијата и ја уништува независноста на судовите, поради што Турција е многу подалеку од членството во Европската унија отколку претходно. Комисијата ги обвини „претерано“ централизираните претседателски овластувања за влошувањето на слободата на говорот, затворскиот систем и централната банка и рече дека […]

Денеска пресудата за Златна зора – најавени масовни протести


По пет и пол години од почетокот на судскиот процес, денеска судот во Атина ќе ја соопшти пресудата за Златна зора, односно ќе одговори дали всушност станува збор за криминална организација. И додека во судот, сите погледи ќе бидат насочени кон судиите и обвинителите, пред судот се очекуваат масовни протести. Рочиште е закажано за 11 […]

Букурешт со нови ограничувања поради КОВИД – забранети се и претстави и концерти


Префектот на Букурешт објави дека голем број ограничувања во градот ќе стапат на сила од утре, поради исклучително високиот број новозаразени со Ковид-19 во романскиот главен град, јавија локалните медиуми. Мерките вклучуваат забрана за внатрешни активности на барови, ресторани и кафулиња, со исклучок на хотели и пансиони, кои имаат право да им служат само на […]

Во Албанија поради Ковид-19 дневно во просек отсуствуваат по 80 наставници и 40 ученици


Албанија– Во Албанија во просек 80 наставници и 40 ученици дневно отсуствуваат поради Ковид-19, потврди Генералниот директорат за основно и средно обрзование. Според истот извор во првите две недели од почетокот на наставата во новата 2020/2021година, отсуствувале најмалку 5.000 ученици. Учебната година во Албанија на 14 септември почна за 430.00 основци и средношколци, од нив над […]

Извештај на ЕК: Србија со негативни оценки за изборниот процес, правосудството и фискалните реформи


Србија- Во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Србија, во кој ТВ N1 имаше увид, Србија доби три негативни оценки: За изборниот процес, судскиот систем и фискалните реформи. Србија нема постигнато никаков напредок кога станува збор за изборните процеси или судскиот систем, додека умерен напредок е регистриран кога станува збор за борбата против корупцијата […]

Словенија со драстичен раст на новозаболени, Србија најмногу во последните 45 дена


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 287 нови случаи на заразени со вирусот Ковид-19, па бројот на активни случаи денес е вкупно 1.588. Меѓу нив се 334 пациенти на болничко лекување, од тоа 24 се на респиратор. Починале четири лица. Во самоизолација моментално се наоѓаат 9.610 лица. До денес во Хрватска се тестирани […]

Во Косово 34 новозаразени, починаа тројца пациенти со Ковид-19


  Три лица починаа на Косово како резултат на потешки компликации со Ковид-19 во последните 24 часа, по што вкупниот број на смртни случаи од таа инфекција се зголемил на 635 лица, било објавено денес. Според косовскиот Институт за јавно здравје, во истиот период биле тестирани 483 граѓани, а биле регистрирани 34 новозаразени. Во текот […]

Во Бугарија 283 новозаразени, починаа двајца


Во Бугарија во последните 24 часа потврдени се нови 283 заразени со корона вирус, а тестирани биле 3.713 примероци. Активни се 5.837 случаи. Од последните пресек починале уште двајца пациенти. Од почетокот на пандемијата во Бугарија заразени се 21.870 лица, а починаа 854 пациенти.

ЕУ фондовите како „црн кавијар“ за олигарсите во Бугарија


Европските фондови за Бугарија се како „црн кавијар“ за нејзините олигарси и мора да бидат запрени. Група вампири ја цицаат оваа прекрасна земја и нејзините луѓе. Механизмот за верификација на ЕУ мора да се задржи затоа што бугарскиот народ не верува во судството и сака мониторингот на земјата да продолжи. Ова беше тонот на расправата […]

Абазовиќ се надева дека победничките партии брзо ќе ја формираат новата црногорска Влада


Лидерот на граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, синоќа изјави дека Црна Гора нема веќе време за губење и дека се надева дека наскоро ќе се формира новата влада заради доброто на граѓаните. Тој на својот профил на Твитер напиша дека е добро што црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ вчера ги покани носителите на листите кои ги […]

Ана Брнабиќ ќе биде мандатар и на новата српска влада


  Премиерката Ана Брнабиќ ќе биде мандатар за состав на новата Влада на Србија, пренесоа неколку српски медиуми. Вечерва  претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе го објави името на мандатарот за состав на новата Влада на Србија. На денешната седница на Претседателството на СНС едногласно бил поддржан предлогот на Вучиќ, Ана Брнабиќ да биде мандатарот.

Поради пандемијата нема да се одржи традиционалната воена парада во Грција


Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, поради пандемијата, оваа година нема да се одржи традиционалната воена парада во Солун на 28 октомври, кога се одбележува денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот […]

Во Србија 51 новозаразен, починаа двајца


Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се нови 51 заразен и со Ковид-19, а тестирани биле 5.349 примероци. Починаа двајца пациенти. На респиратор ширум земјата се наоѓаат 20 пациенти, а во болница се лекуваат 289. До денеска потврдени се вкупно 33.952 случаи со корона вирус, а тестирани се 1.159.806 лица.

Во Босна и Херцеговина 143 новозаразени со Ковид-19


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 143 заболени со корона вирус, а двеетмина починаа. Во Федерацијата биле тестирани 606 примероци, а 91 биле позитивни. Досега тестирани се вкупно 162.768 примероци, а корона вирусот е потврден кај 18.489 лица. До денеска во Федерацијата оздравеа 15.206 пациенти, а активни се уште 2.730. Сите […]

Словенија со 75 новозаразени, еден почина


Во Словенија во последните 24 часа потврдени се нови 75 случаи со корона вирус, додека еден пацинет почина. Тестирани биле 1.034 лица, пренеси СТА. Бројот на хоспитализирани порасна од 101 на 107, како и бројот на интензивна нега, на 21.

Црна Гора во крајно сериозна состојба со Ковид-19


Помошник-министерот за здравство, Миро Кнежевиќ, предупреди дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е крајно сериозна, поради што сè уште се во сила новите мерки, пишува Вијести.ме. „За седум до десет дена треба да ги видиме ефектите од мерките, под услов дека сме ги почитувале мерките“, рече Кнежевиќ и додаде дека сè зависи од самите граѓани. […]

Нови 138 случаи со Ковид-19 во Хрватска


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 138 случаи на заразени со корона вирус, а активни се 1.466. Во истиот период починаа двајца пациенти. Меѓу нив 326 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 на респиратор. Од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 17.797 заразени, а починаа 300. Оздравеа 16.031 […]

Во Грција 267 нови случаи, починаа седуммина


Во Грција, во последните 24 часа се регистрирани 267 нови случаи, а седум луѓе починаа со што бројката на заболени од почетокот на епидемијата досега изнесува 19.613, а на починати 405. Јужниот сосед одлучи и да ги продолжи рестриктивните мерки во обид да го спречи ширењето на корона вирусот до 12 октомври. Мерките, меѓудругото, предвидуваат […]

Хрватска со 258 нови случаи на зараза, починаа петмина


  Во последните 24 часа забележани се 258 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни случаи денеска изнесува 1.512. Меѓу нив 296 пациенти се лекуваат во болница, а 25 се на респиратор. Починаа пет пациенти. Досега во Хрватска се забележани 17.659 заразени, од кои 298 починаа. Вкупно оздравеа 15.849 лица, а […]

Додик: Ќе донесеме одлука дека БиХ не го признава Косово


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска изјави дека му е благодарен на неговиот хрватски колега Жељко Комшиќ што го изнесе прашањето за признавање на независноста на Косово пред Претседателството на БиХ, бидејќи на тој начин БиХ ќе има официјална одлука да не го признава Косово. – Комшиќ направи феноменална работа за нас. […]