Нови 138 случаи со Ковид-19 во Хрватска


 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 138 случаи на заразени со корона вирус, а активни се 1.466. Во истиот период починаа двајца пациенти.

Меѓу нив 326 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 на респиратор.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 17.797 заразени, а починаа 300. Оздравеа 16.031 пациенти.

Во самоизолација се 8.923 лица.

До денеска тестирани се 328.392 лица, од кои 2.233 во последните 24 часа.