Во Србија 51 новозаразен, починаа двајца

Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се нови 51 заразен и со Ковид-19, а тестирани биле 5.349 примероци.

Починаа двајца пациенти. На респиратор ширум земјата се наоѓаат 20 пациенти, а во болница се лекуваат 289.

До денеска потврдени се вкупно 33.952 случаи со корона вирус, а тестирани се 1.159.806 лица.